
Менаџерот на Челси, Енцо Мареска, изјави дека „големите клубови“ знаат како да победуваат со 1-0, откако неговиот тим беше елиминиран од Брајтон во четвртото коло на ФА Купот, нарекувајќи го тоа „голем срам“. Челси водеше, но Брајтон направи пресврт и славеше со 2-1.
„На играчите им кажав пред неколку недели, а им повторив и сега – мора да научиме како да победуваме со 1-0“, изјави Мареска. „Големите клубови го прават тоа.“
Италијанскиот стратег не криеше дека е разочаран поради елиминацијата.
„Ова е навистина голем срам за нас. Единственото позитивно нешто е што сега можеме целосно да се фокусираме на Премиер лигата и на Конференциската лига. Во Премиер лигата играме добро досега и се надеваме дека ќе ја завршиме сезоната на вистински начин“, изјави Енцо Мареска.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
