Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, зборуваше по ремито 1-1 во дербито против Реал Мадрид.
„Одигравме добро прво полувреме, но во завршницата ни недостигаше смиреност за да бидеме поефикасни. Второто полувреме почна со нивни гол, статива и поголем интензитет од нивна страна“, изјави Симеоне.
„Џулијано Симеоне имаше свои шанси, Љоренте исто така доби уште две можности, а на крајот натпреварот заврши нерешено, иако двата тима можеа да одиграат подобро“, додаде аргентинскиот стратег.
„Мислам дека можевме да бидеме поефикасни во клучните ситуации во казнениот простор, не бевме прецизни како на некои претходни натпревари. Во второто полувреме имавме неколку контранапади, кои можевме подобро да ги искористиме“, потенцираше Симеоне.
„Имаше моменти кога можевме да одиграме подобро, но не успеавме. Имав чувство дека можевме да извлечеме повеќе од овој натпревар“, заклучи тренерот на Атлетико.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













