
Реал Мадрид и Атлетико одиграа 1-1 во жестокото градско дерби на „Сантијаго Бернабеу“, резултат што најмногу може да им одговара на ривалите од Барселона, кои утре имаат шанса да ја намалат бодовната разлика.
Натпреварот беше исполнет со жестоки дуели, а клучниот момент во првиот дел се случи во 35. минута. Чуамени го нагази Лино во шеснаесетникот, а иако првично немаше реакција од главниот судија, ВАР собата интервенираше, по што беше досуден пенал за Атлетико.
Хулијан Алварез беше сигурен од белата точка, изведувајќи „паненка“ со која го надмудри Тибо Куртоа и донесе предност.
Реал одговори силно на стартот од второто полувреме и само пет минути по паузата, Килијан Мбапе погоди за израмнување (1-1). До крајот, „кралевите“ агресивно го бркаа победничкиот гол, додека Атлетико се закануваше преку контранапади, но конечниот исход остана нерешен.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
