Роберто Фирмино пред неколку дена постигна гол со „ножички“ во Лигата на шампиони во Азија, но денес тренерот одлучи да го изостави од тимот за вториот дел од сезоната.
Имајќи го во предвид пристигнувањето на Вендерсон Галенo од Порто во Ал-Ахли, клубот од Саудиска Арабија мораше да избере кој странски играч ќе биде изоставен од составот за вториот дел од сезоната.
Тренерот Матијас Јајсле реши дека Фирмино ќе биде оној кој ќе го пропушти остатокот од сезоната во Саудиска Арабија.
Тој ќе има право на настапи само во Лигата на шампиони во Азија.
„Одлуката беше тешка. Го цениме, се однесуваше професионално. Тој сè уште е еден од лидерите“, изјави Јајсле.
Роберто Фирмино оваа сезона одигра 25 натпревари за Ал-Ахли и постигна девет голови.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)
Евро-фудбал
Лаутаро и Бони го однесоа Интер на врвот (ВИДЕО)
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии













