
Во еден од најневеројатните настани во светот на фудбалот, Игнасио Абате беше отпуштен, а потоа вратен на клупата на Тернана за само три часа, поради конфликт со управата околу изборот на тимот.
Според италијанските медиуми, 38-годишниот Абате бил отпуштен затоа што одбил да го форсира синот на претседателот на клубот, Матија Д’Алесандро во првиот тим.
Постои информација дека Д’Алесандро требало да биде испратен на позајмица за да стекне искуство, но тоа не се реализирало. Откако Абате го изоставил од тимот, претседателот реагирал и го отпуштил.
Клубот дури и објави дека негов наследник ќе биде Фабио Ливерани, уште едно познато име во италијанскиот фудбал.
Но, тука следи неочекуван пресврт – фудбалерите на Тернана се побуниле и побарале итен состанок со управата. Тие застанале зад Абате, што довело до брза одлука – само три часа по отпуштањето, тој бил вратен на клупата.
Иако тимот е второпласиран во Серија Ц – група Б, со само три бода помалку од лидерот Виртус Ентела, тоа не било доволно за управата. Останува да се види како овој хаотичен период ќе влијае на Тернана, но јасно е дека Абате има поддршка од играчите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи

Евро-фудбал
Батурина пристигна во Комо за 17 милиони евра

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс
