Connect with us

Емери: Не ме интересира зошто Рашфорд не играше во Јунајтед, но драго ми е што дојде во Астон Вила

Менаџерот на Астон Вила, Унаи Емери, го прифаќа „огромниот предизвик“ да му помогне на Маркус Рашфорд да ја врати својата најдобра форма, откако англискиот напаѓач пристигна на позајмица од Манчестер Јунајтед.

Бирмингемскиот клуб има опција да го откупи неговиот договор летово, но тоа ќе зависи од неговите настапи во наредните месеци.

Рашфорд може да го одигра својот прв натпревар за Астон Вила уште овој викенд во дуелот од ФА Купот против Тотенхем.

„Многу сум задоволен од работата што ја завршивме во јануарскиот преоден рок. Со Рашфорд имав сосема нормален разговор – онаков каков што тренер и играч треба да имаат. Сакам само најдоброто за него, и како личност и како фудбалер“ – изјави Емери.

„Не ме интересира зошто мораше да го напушти Манчестер Јунајтед, но се радувам што дојде кај нас. Ќе се обидам да му помогнам да се врати во својата препознатлива форма – тоа ќе биде голем предизвик,“

Освен Рашфорд, кој може да дебитира, Астон Вила ќе биде ослабена во дуелот со Тотенхем. Првиот стрелец Оли Ваткинс ќе го пропушти мечот поради повреда.

„Оли нема да игра во недела, бидејќи не тренираше. Потребно му е време за рехабилитација, но се надеваме дека ќе биде подготвен за следната недела“ – додаде Емери.

Покрај Воткинс, Астон Вила ќе биде без Тајрон Мингс, Пау Торес, Мати Кеш и Рос Баркли, кои исто така се надвор од конкуренција поради повреди.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови