
Рубен Аморим беше разочаран поради слабото издание на Манчестер Јунајтед и покрај победата од 2-1 против Лестер во ФА Купот. Со доцниот гол на Хари Мегваер, „црвените ѓаволи“ обезбедија место во осминафиналето, но нивната игра повторно не ги задоволи навивачите на „Олд Трафорд“, каде што се слушаа свирежи.
„Ова нема никаква врска со ‘Ферги тајм’. Требаше да играме многу подобро, и со топката и без неа. На почетокот ни недостигаше енергија. Во второто полувреме бевме побрзи и почнавме да добиваме повеќе дуели. Успеавме да направиме пресврт, но не одигравме добро“, призна Аморим.
Манчестер Јунајтед продолжува во ФА Купот, но проблемите остануваат.
„Тренерот е првиот што носи одговорност кога тимот не се претставува на потребното ниво. Целта ни е да учиме, да се развиваме и да станеме подобри“, додаде португалскиот стратег.
Иако Манчестер Јунајтед е актуелен освојувач на ФА Купот и победи на четири од последните пет натпревари во сите конкуренции, тимот продолжува да разочарува во Премиер – лигата, каде што моментално се наоѓа на 13. место.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас
