
Јувентус победи со 2-1 на гостувањето кај Комо во 24. коло од Серија А. Двата гола за гостите ги постигна Рандал Коло Муани, првиот во 34. минута, а вториот од пенал во 89. минута. Францускиот напаѓач, кој неодамна пристигна на позајмица во Јувентус од ПСЖ, има феноменален старт во Италија, постигнувајќи пет гола во своите први три натпревари за „старата дама“.
Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, беше многу лут на судиите по натпреварот. При резултат 1-1, стоперот на Јувентус, Федерико Гати, ја удри топката со рака додека таа се наоѓаше пред напаѓачот на Комо, Анастасиос Дувикас. ВАР собата ја разгледа ситуацијата, но не одлучи да го повика главниот судија на преглед на снимката, што го разлути Фабрегас.
Gatti fissa con gli occhi la palla e con la mano la sposta volontariamente
— Tomoriano (@tomorienjoyer_) February 7, 2025
È un rigore ridicolo per quanto netto non scherziamo ahahahapic.twitter.com/GPwILWi4vM
„Нема друга интерпретација, ова е чист пенал. Дувикас ја контролираше топката со градите и без тој допир со рака, ќе имаше чист пат кон голот. Тоа ќе беше неверојатна шанса за победа. Си одиме дома со нула бодови и се чувствуваме глупаво, но веќе не можам да молчам“, изјави Фабрегас и наведе примери каде што смета дека неговиот тим бил оштетен:
„Ова се случи и во јануари против Лацио. Гиго имаше груб старт врз Нико Паз – не велам дека беше за директен црвен, но дефинитивно беше жолт со нијанса на портокалов – ниту фаул не ни досудија, а поради повредата останавме без играч три натпревари. Чист фаул за нас против Милан, не беше досудено ништо, Милан доби корнер и постигна гол за победа. Против Удинезе, Голданига не го ни допре противникот, а доби втор жолт картон. Против Рома, Пелегрини требаше да добие втор жолт, но повторно – ништо не беше досудено.“

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Македонија ЃП го доведе Али Адем

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
