Поразот од Беласица на стартот од новата сезона во Втората лига – Исток веќе е зад фудбалерите на Кит Го кои ги очекува уште еден дерби натпревар во 2. коло, овој пат в недела против Кожуф пред своите навивачи во Пехчево.
Стратегот на Кит Го, Емил Грнев вели дека се извлечени поуки од средбата во Струмица, согледани недостатоците во играта, па со извесна корекција сега се очекуваат првите бодови во новата сезона.
„Ги увидовме сите грешки во играта од мечот со Беласица, па сигурно ќе има и промени во составот за мечот со Кожуф. Но, и покрај тоа остануваме цврсто на визијата, идејата и играта која ја подготвувавме за оваа сезона. И натаму секако ќе играме офанзивно, во очекување на подобрена и реализација која мора да биде на неопходното ниво. Ги очекуваме првите бодови сезона на неделната пресметка со Кожуф“ – вели Грнев.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го декласира Шкупи, а хет -трик постигна напаѓачот Азер Омерагиќ. Струга Трим Лум...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Вилдан Салиу
Арсими ја продолжи победничката низа и во Кратово. Откако ја победи Шкендија на домашен...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рома сака да го врати Мохамед Салах во Серија А













