Шкупи претрпе минимален пораз (0-1) против казахстанскиот тим Каисар во последниот пријателски натпревар на подготовките во Анталија. Единствениот гол беше постигнат во првите минути, а и покрај добрата игра тимот на тренерот Алпарслан Ердем не успеа да возврати со погодок.
Со овој резултат, Шкупи ги заврши пријателските натпревари во Анталија со биланс од две победи и два порази. Тимот славеше против Септември Софија (2-1) и Верес Ривне (4-2), додека беше поразен од Полонија Варшава (0-2) и од Каисар (0-1).
Тимот на Шкупи се враќа во Скопје во сабота, каде ќе ги продолжи подготовките за вториот дел од сезоната. Првиот натпревар во пролетниот дел од шампионатот е закажан за 16 февруари, кога на домашен терен Шкупи ќе се соочи со Работнички.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













