Connect with us

МАКФУДБАЛ – ТИМ НА 2. КОЛО ВО ВТОРАТА ЛИГА!

Второто коло во двете второлигашки конкуренции веќе ги издвоија и екипите кои ќе се борат за највисок пласман и прволигашка промоција. На Истокот, Брегалница, Беласица и Тиквеш, веќе сосема јасно ќе се борат за највисок пласман, додека на Западот низ далеку понеизвесен шампионат Лабуништа, Скопје, Велазерими очигледно се издвојуваат…

МАКФУДБАЛ го издвои најдобриот тим на 2. коло од двете второлигашки конкуренции…

1. БОЈАН ТИМЕВСКИ (ГОСТИВАР)

Сигурен на голот на Гостивар на гостувањето против Охрид. Одлични интервенции во неколку наврати со што спречи погодок на домашните, а овозможувајќи победа на својата екипа.

2. ТОНИ МИРЧЕВСКИ (БРЕГАЛНИЦА)

Квалитетна партија за десниот бек на штипјани. Сигурен во одбраната а максимално активен и офанзивните задачи.

3. АМИР АЛИЈИ (ДРИТА)

Максимално сигурен во одбраната на својот тим кој стигна до убедлива победа против Кораби.

4.  ЈОВАН МАНЕВ (БРЕГАЛНИЦА)

На дуелот против Осогово го потврди сиот свој потенцијал. Беспрекорен во дефанзивата, а одличната партија ја заокружи и со прекрасен погодок.

5. АЛЕКСАНДАР МИЛУШЕВ (БЕЛАСИЦА)

Еден од најзабележителните во составот на Беласица. Стрелец и на еден од погодоците во триумфот од 0-3 на гостувањето против Победа.

6. МАРЈАН РИСТОВСКИ (ТИКВЕШ)

Одлична партија на фудбалерот од средниот ред. Двоен стрелец во триумфот од 3-1 против Плачковица.

7. МАРТИН МИРЧЕВСКИ (БЕЛАСИЦА)

Креатор на играта на струмичани во самата офанзива. Максимално ангажиран во текот на целата средба, стрелец и на еден головите во триумфот на Беласица против Победа.

8. ИЛБЕР АЛИЛИ (ГОСТИВАР)

Творецот на победата на Гостивар против Охрид, стрелец на единствениот гол вреден три бода.

9. ЗОРАН ЗЛАТКОВСКИ (КАМЕНИЦА САСА)

Голгетерски расположен, вистински лидер на тимот, стрелец на два гола во триумфот од 4-1 против Питу Гули.

10. ФИЛИП ПЕТКОВСКИ (СКОПЈЕ)

Како и секогаш максимално опасен против противничкиот гол. Скопје запиша триумф во дербито против Пелистер од 2-1, а Петковски го постигна вториот погодок за домашните.

11. ПЕПИ ЃОРГИЕВ (БРЕГАЛНИЦА)

Најдобриот во триумфот на штипјани против Осогово. Со два прекрасни погодоци го отвори резултатот најавувајќи ја убедливата победа на својот тим.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови