
Левиот бек на Манчестер Јунајтед, Лук Шо, заработил нова повреда, а првичните прогнози се дека таа ќе го оддалечи од терените во наредните четири недели, информираат медиумите на Островот. Поранешниот дефанзивец на Саутемптон одигра само три натпревари оваа сезона во дресот на „црвените ѓаволи“, а ова му е веќе четврта повреда од август наваму.
Шо пропушти поголем дел од минатата сезона, откако во февруари заработи мускулна повреда и не настапи на ниту еден натпревар до крајот на сезоната. Сепак, тој беше вклучен во составот на Англија за Европското првенство 2024 и одигра во последните два натпревари на шампионатот. Потоа повторно се повреди уште пред почетокот на новата сезона, што значително ги ограничи неговите настапи за клубот.
Лук Шо се врати на тренинзите пред околу десетина дена, а надежите на Рубен Аморим беа дека тој може да помогне во одбраната по повредата на Лисандро Мартинес, која најверојатно ќе го оддалечи Аргентинецот од терените во следните шест до осум месеци.
Лук Шо има договор со Манчестер Јунајтед до летото 2027 година, а неговата годишна плата изнесува речиси 8 милиони фунти.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
