Македонскиот фудбалски интернационалец Иван Николов ќе ја продолжи сезоната во редовите на Вендсисел ФФ, откако клубот договори негова позајмица од Сондерјиске до летото.
22-годишниот играч од средниот ред настапи на 10 натпревари за Сондерјиске во данската Суперлига оваа есен, откако пристигна во тимот во летото 2023 година.
„Со Иван Николов добиваме играч кој ќе ни донесе дополнителен квалитет во средниот ред за пролетниот дел од сезоната. Тој е фудбалер кој може да покрие повеќе позиции во централниот дел од теренот, што беше приоритет за нас по заминувањето на неколку играчи во овој преоден рок“, изјави спортскиот директор на Вендсисел, Кристијан Ларсен.
Тој додаде дека Николов веќе го познава данскиот фудбал и лигата, што ќе му овозможи брза адаптација и веднаш да придонесе за тимот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













