Connect with us

Марибор го купи Али Регба од Работнички

Словенечкиот прволигаш Марибор го потврди ангажманот на новиот крилен напаѓач, 25-годишниот Али Регба, кој пристигнува од Работнички. Регба потпиша договор со словенечкиот клуб до летото 2027 година и ќе го носи дресот со број „11“.

Во есенскиот дел од сезоната во македонската лига, Регба беше еден од најдобрите фудбалери, постигнувајќи седум гола и пет асистенции.
Спортскиот директор на Марибор, Михаел Микиќ, изјави дека по темелно скаутирање, клубот се решил за ангажман на брзиот и продорен офанзивец, кој треба да донесе дополнителен квалитет во борбата за трофеите.

Регба е роден во Германија, а своето фудбалско оформување го имал во Ирска, каде што настапувал за младинските категории на Бохемианс. Подоцна, тој играше за младинскиот тим на Лестер во Англија, а потоа продолжи во Белуиздад (Алжир) и Работнички.

„Преселбата во Марибор е возбудливо ново поглавје за мене. Веднаш ја прифатив можноста кога слушнав за интересот од клубот. Марибор е тим со богата историја, кој се бори за трофеи, и ова е важен чекор во мојата кариера. Верувам дека брзо ќе се адаптирам и ќе придонесам со голови и асистенции“, изјави Али Регба по потпишувањето на договорот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови