Лидерот Брегалница ги продолжува убедливите изданија во Втората лига – Исток, триумфирајќи со 0-6 (0-3) на гостувањето и во 3. коло против Питу Гули.
„Сините“ на натпреварот кој се играше на игралиштето Могила во Прилеп беа повеќе од доминантни од првата минута на средбата. Почетната иницијатива донесе брзо водство со голот на Мартин Стојанов уште во 10. минута. По бројните шанси во продолжението, Јован Манев зголеми на 0-2 во 43. минута а во 45. минути и Пепи Ѓоргиев стрелаше за веќе убедливи 0-3.
Во второто полувреме, Стојанче Велинов во 59. минута погоди од белата точка за 0-4, а една минута подоцна Пепи Ѓоргиев го постигна својот втор погодок за 0-5. Конечните 0-6 ги постави Ристе Наумов во 87. минута од натпреварот.
Тиквеш славеше на гостувањето против Осогово со 0-1. Тоше Делов во првото полувреме беше стрелец на голот за триумф на кавадарчани во Кочани.
Беласица во Струмица триумфираше против Каменица Саса со 2-1, а Кожуф триумфираше со идентични 2-1 против Победа во Гевгелија.
Плачковица и Кит Го ремизираа во Радовиш. Пехчевци поведоа со 0-1 со голот на Петар Најдов во 8. минута, а домашните израмнија со голот на Трајановски во 23. минута.
РЕЗУЛТАТИ – 3. КОЛО
Беласица – Каменица Саса 2-1
Питу Гули – Брегалница 0-6
Плачковица – Кит Го 1-1
Кожуф – Победа 2-1
Осогово – Тиквеш 0-1
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski