
Убедлив Тиквеш, пораз на Беласица и прво реми на Брегалница во новата сезона е впечатокот од 4. коло во Втората лига – Исток.
Саса поведе во 30. минута со голот на Нешовски, и покрај иницијативата на штипјани. Брегалница израмни со голот на Пепи Ѓорѓиев во 53. минута. Во второто полувреме, домашните повторно поведоа со голот на Зоран Златковски во 70. минута, но во финишот, во 87. минута израмни Ристе Наумов за конечни 2-2.
Тиквеш убедливо со 5-0 славеше пред своите навивачи против Питу Гули. Лазар Пеев во 25. минута и Марјан Ристовски во 43. минута погодија за Тиквеш во првото полувреме. А Роберт Митев дополни во второто полувреме со хет-трик во 57., 90. и во 92. минута за конечни 5-0.
Беласица загуби во Струмица од Кожуф со 1-2. Дарко Размески во 13. минута донесе водство за Беласица, но потоа следеше пресврт на Кожуф со головите на Лазаровски во 23. минута и Тодоров во 76. минута.
Фудбалерите на Кит Го дојдоа до првата победа во сезоната сосема заслужено славејќи против „фенерџијата“ Осогово со 1-0 со голот на Бошко Ступиќ во 65. минута.
Плачковица ја демолираше Победа во Прилеп, победувајќи со 2-5.
ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (4. КОЛО)
Каменица Саса – Брегалница 2-2
Тиквеш – Питу Гули 5-0
Кит Го – Осогово 1-0
Победа – Плачковица 2-5
Беласица – Кожуф 1-2

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski