Лајпциг и Валенсија се блиску до постигнување договор за позајмица на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас до крајот на сезоната. Со ова, Елмас би преминал од Бундес-лигата во Ла Лига и би му се приклучил на Столе Димитриевски на „Месталја“.
Тековната сезона, Елмас одигра само 44 минути во Бундеслигата и 15 минути во Лигата на шампионите под водство на тренерот Марко Росе.
Елмас треба да го засили средниот ред на Валенсија и бил првиот избор на клубот, пред Енцисо од Брајтон, кој исто така бил разгледуван како опција за позајмица. Како дел од овој трансфер, ќе биде вклучена и позајмицата на дефанзивецот Јарек, кој ќе замине во Лајпциг до крајот на сезоната.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













