Connect with us

Вардар ја засили одбраната со Хрватот Мислав Матиќ

Најтрофејниот македонски клуб, Вардар, продолжува со засилувањата во овој зимски преоден рок. Најновото име во редовите на ФК Вардар е Мислав Матиќ, 25-годишен хрватски дефанзивец кој пристигнува од Широки Брег.

Матиќ ќе ја зајакне одбраната на Вардар како стопер, позиција на која се издвојува со својата висина од 195 сантиметри и интернационалното искуство. Во својата кариера досега настапувал за клубови како Рудеш, Шибеник, Локомотива Загреб, како и за украинскиот тим Минај.

Со вакви засилувања, Вардар јасно ја покажува својата амбиција за подобри резултати во продолжението на сезоната.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови