
Милан е силно заинтересиран за Жоао Феликс и сака да го доведе на „Сан Сиро“. Сепак, според „Калчомеркато“, Челси не е подготвен да го пушти напаѓачот на позајмица до крајот на сезоната, бидејќи го смета за важен дел од тимот. Менаџерот Енцо Мареска оваа сезона го користел Феликс на 19 натпревари (941 минута), при што тој постигнал седум голови и асистирал двапати.
Милан подготвува нова понуда со која би го довел Феликс на 18-месечна позајмица, по што Италијанците би имале опција да го откупат во летото 2026 година за околу 35 милиони евра.
Според податоците на „Трансфермаркт“, Жоао Феликс е петтиот најскап фудбалер во историјата. Атлетико Мадрид го донесе од Бенфика во 2019 година за 127 милиони евра, но португалскиот репрезентативец не ги оправда огромните очекувања. За Атлетико одигра 131 натпревар, постигна 34 гола и забележа 18 асистенции, а во меѓувреме беше позајмуван во Барселона и во Челси.
Летово Челси го откупи неговиот договор за 52 милиони евра, обезбедувајќи му договор до 2030 година со можност за продолжување за уште една сезона. Во моментов, неговата вредност се проценува на 30 милиони евра, додека највисоката некогашна проценка изнесуваше 100 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Киеза има четири понуди да се врати во Серија А
