
Tренерот на Милан, Серџо Консеисао, зборуваше по поразот на неговиот тим со 2-0 од Јувентус, кој го предводи Тијаго Мота. Првото полувреме во Торино беше израмнето, но во вторите 45 минути „бјанконерите“ беа значително посилни.
Португалецот изјави дека тимот нема оправдување за поразот.
„Првото полувреме беше балансирано, но второто беше различно. Јувентус беше погладен. Можевме да донесеме подобри одлуки, бидејќи се обидувавме да излеземе од притисокот со топката. Јас ја носам одговорноста. Првиот чекор кон победа е да ја посакуваме. Ние тоа не го посакавме. Јануари е, не можеме да останеме без енергија“, рече Консеисао.
„Треба да имаш празен фрижидер дома за да бидеш погладен. Имав други, помали тимови кои не беа толку технички добри, но имаа неверојатна желба. Треба да растеме, а ако си во Милан, тоа е уште поважно. Мораме да бидеме горди на она што го направивме. Не успеав на полувремето да им дадам на момците мотивација да реагираат“, додаде Консеисао.
„Не можеме секогаш да се потпираме на најискусните играчи. Секој има свои одговорности. Не треба целата тежина да ја ставаме на Леао, Тео или Мењан. Не можат да се кријат, тоа се гледа, но тежината е на плеќите на сите. Знам како е, и јас играв 25 години. Во тешки моменти, искусните излегуваат напред, но никој не треба да се крие“, заврши Консеисао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Димитар Митровски донесе триумф за Вараждин
