Фудбалерот за врска на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга, ќе ги пропушти следните два исклучително важни натпревари во Лигата на шампионите против Салцбург и против Брест. Тој заработи мускулна повреда, која ќе го држи надвор од терените најмалку три недели.
Францускиот репрезентативец се повреди на натпреварот против Селта во Купот на Кралот, кој Реал Мадрид го доби со 5-2, но после продолженија.
Со вакви околности, Камавинга ќе ги пропушти натпреварите против Лас Палмас, Салцбург, Брест, Валјадолид и Еспањол. Првичните прогнози се дека тој ќе биде подготвен за дербито против Атлетико Мадрид во февруари.
Ова е трета повреда на Камавинга од почетокот на сезоната. Најпрво го повреди коленото, а потоа имаше мускулна повреда во ноември.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













