Connect with us

Спектакуларно видео: Халанд им пиша писмо на дефанзивците, „драги мои, жал ми е, но останувам“…

Ерлинг Халанд го продолжи договорот со Манчестер Сити до летото 2034 година, што претставува еден од најбогатите договори во историјата на спортот, според англиските медиуми. Норвешкиот голгетер, кој важи за еден од најдобрите фудбалери во светот, со овој потег ја потврди својата долгорочна посветеност на клубот.


Манчестер Сити го објави продолжувањето на договорот преку видео, а истото го направи и самиот Халанд.

Во видеото кое трае малку повеќе од 30 секунди, Халанд е прикажан како полугол медитира на снег. Камерата полека се доближува до него, по што тој ги отвора очите и вели: „Тука сум за да останам.”

Клубот објави и подолга верзија на видеото, која трае околу 70 секунди, каде Халанд го потврдува својот останок преку писмо. Тој го започнува писмото со зборовите: “Драги дефанзивци,” и се осврнува на својата врска со нив.

“Како и во секоја врска, имавме подеми и падови,” вели Халанд, додавајќи дека тоа е сосема нормално. “Да, водевме битки, а вие ме туркавте да бидам најдобрата верзија на себеси.”

На крајот, Халанд испраќа јасна порака:


“Имаше многу гласини во последно време. Го разбирам тоа. Можеби понекогаш не сакате да бидам блиску до вас, но мислам дека си требаме еден на друг. Со други зборови, ме надополнувате. Сè што можам да кажам е: Жал ми е, тука сум за да останам.”

Со оваа одлука, Манчестер Сити го обезбеди своето главно офанзивно оружје за иднината, а Халанд јасно стави до знаење дека е посветен на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови