
Рио Фердинанд му препорача на Арсенал да ги реши проблемите во нападот и да ги зголеми шансите за освојување на титулата во Премиер – лигата со шестмесечна позајмица на Карим Бензема од Ал-Итихад. Легендарниот француски напаѓач и поранешен играч на Реал Мадрид е под договор со саудискиот клуб и за следната сезона.
Напаѓачот, кој за Реал одигра 648 натпревари со постигнати 354 гола и 165 асистенции, од јуни 2023 година настапува за Ал-Итихад. Тој игра за плата која со бонусите може да достигне до 100 милиони евра по сезона, а досега за саудискиот клуб постигнал 26 гола и асистирал 13 пати на 43 одиграни натпревари.
Арсенал моментално има четири бода помалку од лидерот Ливерпул на табелата, иако има одиграно еден натпревар повеќе. Повредата на Габриел Жесус, поради која тој ќе го пропушти остатокот од сезоната, ги поремети плановите на клубот, па се очекува да реагира во јануарскиот преоден рок.
„Јас би го донел Карим Бензема. Би побарал позајмица на шест месеци“, изјави Рио Фердинанд, поранешниот стопер на англиската репрезентација и Манчестер Јунајтед, како одговор на прашањето за решавање на проблемите на Арсенал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski