Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, имаше измешани чувства по драматичната победа од 5-2 против Селта во осминафиналето на Кралскиот куп. Иако Реал водеше со 2-0, дозволи израмнување во последните минути од регуларното време, што наложи играње продолженија.
Во продолженијата, Реал успеа да ја наметне својата игра и да се пласира во следната фаза.
„Дозволивме два гола на крајот, но игравме добро во првите 70 минути и требаше порано да го затвориме натпреварот. Во дополнителното време реагиравме правилно и успеавме да ја решиме ситуацијата. Ова е резултат на намалување на агресивноста на крајот, нешто на кое ќе продолжиме да работиме. Мораме да одржуваме високо ниво до последниот свиреж на судијата“, изјави Анчелоти.
Италијанскиот стратег ги прокоментира и свирежите од трибините, кои се слушнаа по израмнувачкиот гол на Селта.
„Свирежите од трибините беа како аларм за нас. Ја разбирам реакцијата на навивачите, особено по поразот од Барселона. Но, тие свирежи нѐ разбудија. Кога „Сантијаго Бернабеу“ е зад нас, чувството е нешто посебно“. истакна Анчелоти.
И покрај потешкотиите, Реал Мадрид продолжува понатаму во натпреварувањето, но Анчелоти јасно истакна дека има што да се подобрува, особено во завршните моменти од натпреварите.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













