
Карло Анчелоти e еден од најтрофејните тренери во историјата, со Реал Мадрид освои 15 трофеи. Најзначајни меѓу нив се двата шампионски наслови во Ла Лига, двата Купа на Кралот и неговата круна на успехот – три титули во Лигата на шампионите. Под водство на Анчелоти, Реал е актуелен шампион на Шпанија и на Европа.
Сепак, оваа сезона статусот на Анчелоти во Реал не е недопирлив. Причината е серијата порази во важни натпревари: против Лил, Милан, Ливерпул и Атлетик Билбао, додека градското дерби против Атлетико Мадрид заврши само со реми.
Она што најмногу му се забележува од страна на раководството и навивачите е дека ги загуби двата дуели со Барселона, во првенството и Суперкупот, со вкупна гол разлика 2:9.
Вториот пораз од Барселона се случи пред пет дена, во финалето на шпанскиот Суперкуп (2-5).
Реал својот прв натпревар по тој дебакл го одигра на „Сантијаго Бернабеу“ против Селта, во осминафиналето на Купот. Шпанските медиуми најавуваа дека неуспех во тој меч би значел и отказ за Анчелоти.
Иако Реал се спаси по продолженија (5-2), тимот го загуби водството од два гола во финишот на регуларниот дел.
Анчелоти избегна отказ, но не успеа да ги избегне свирежите од навивачите на Реал. Видео-снимката од претставувањето на тимот на „Сантијаго Бернабеу“ покажува како, по читањето на неговото име од страна на спикерот, следуваат оглушувачки свирежи.
😱 Le public du Santiago Bernabéu s’en prend à Aurélien Tchouaméni et Carlo Ancelotti ! @damiancasol pic.twitter.com/fWrKXmfHty
— Le Journal du Real (@lejournaldureal) January 16, 2025

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
