Репрезентативецот на Србија, Страхиња Павловиќ, би можел да го напушти Милан, иако пристигна на „Сан Сиро“ минатото лето.
Италијанските медиуми тврдат дека новиот тренер на „росонерите“, Серџо Консеисао, сака Кајл Вокер за нов дефанзивец во тимот и дека преговорите се завршени. Фудбалерот на Манчестер Сити ќе добие договор до 2027 година и 4 милиони евра по сезона со бонуси.
Тоа значи дека Страхиња Павловиќ ќе биде продаден. Поранешниот фудбалер на Салцбург го одигра последниот натпревар за Милан во ноември, а клубот бара најмалку 18 милиони евра, колку што плати за него кога го донесе од Австрија.
„Газета дело Спорт“ тврди дека Павловиќ го сака Жозе Мурињо во Фенербахче и дека е подготвен да ја плати оваа сума за него.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Ново шоу и нов рекорд на Лионел Меси (ВИДЕО)













