Тиквеш стигна до уште една значајна гостинска победа, откако по триумфот над Брегалница во Штип кавадаречкиот клуб денеска славеше и во Македонска Каменица, на дуелот против Саса со минимални 0-1. Фудбалерите на Тиквеш се намачија за да ја оправдаат фаворитската улога, но на крајот сепак стигнаа до посакуваниот цел плен благодарение на Димитар Иванов.
Тој влезе во игра на местото на Ризов по 11 минути игра во второто полувреме, за веќе во првата акција откако се појави на теренот одлично да се снајде и да го матира противничкиот голман.Победа го доби дуелот со Питу Гули со 2-1 благодарение на искусниот Гешовски, кој ги постигна двата погодоци за прилепскиот второлигаш.
Беласица триумфираше над Осогово со 3-0. Победата ја најави Милушев пред самиот крај на првото полувреме, за потоа во вториот дел печат на триумфот да стават Паноски и Мирчевски.
Со идентични 3-0 славеше и Кожувна мечот со Плачковица со 3-0. Иако конечниот резултат е убедлив, мора да се истакне дека победникот беше решен дури во последните 2о минути кога Костадинов, Терзиев и Танов се запишаа меѓу стрелците. Натпреварот меѓу КитГо и Брегалница на програмата е утре.
Тиквеш останува лидер со 16 бода, пред Беласица со 15 и Кожув со 14 бода на своето салдо.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар ја заврши есента без пораз и со триумфот над Македонија ЃП ќе презими...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Азер Омерагиќ (Вардар)
На Вардар му „висеше“ есенската титула и првото место, но потоа се појави Азер...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Рафиња ја „среди“ Осасуна (ВИДЕО)
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција
Млади репрезентации
Капинковски: Оваа генерација има потенцијал за добри резултати
Млади репрезентации
Македонија У18 на двата теста поуспешна од врсниците од Црна Гора













