
Напаѓачот на ПСЖ, Рандал Коло Муани, пристигна во Торино за да ја финализира својата преселба во Јувентус.
Според извори од Италија, двата клуба постигнале договор за трансферот, а сите потребни документи се веќе потпишани.
Коло Муани допатува во Торино синоќа, а денеска ќе ги изврши задолжителните медицински прегледи во клиничкиот центар на Јувентус. Ова ќе биде второто засилување за „Старата дама“ во јануари, по пристигнувањето на португалскиот дефанзивец Алберто Кошта.
Францускиот напаѓач стана дел од редовите на ПСЖ на 1 септември 2023 година, со договор кој важи до 30 јуни 2028 година. Во оваа сезона, 26-годишниот фудбалер има два гола и една асистенција на 14 одиграни натпревари.
⚪️⚫️🛬 Randal Kolo Muani has just landed in Turin to join Juventus! ✅ pic.twitter.com/P7XYS3STcd
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 15, 2025

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Интернационалци
Глазгов Ренџерс сака да го врати Бојан Миовски во Шкотска

Евро-фудбал
Педри: Нема да молчам, тоа не беше пенал!
