Connect with us

„Марка“ откри: Алфонсо Дејвис му рекол „да“ на Реал Мадрид

Реал Мадрид пред неколку дена претрпе тежок пораз во финалето на Суперкупот на Шпанија од Барселона со 5-2, а Флорентино Перез веднаш започна со активности поврзани со трансфери. „Марка“ пишува дека Реал веќе договорил големо засилување за летото и дека играчот кој го „ловат“ со месеци конечно дал согласност.

Перез не сакаше да преземе радикални чекори по дебаклот во Џеда и даде поддршка на Карло Анчелоти и остатокот од тимот, но и нему му беше јасно дека е време за промени во играчкиот кадар.

Реал нема план да троши пари оваа зима за доведување засилувања, поради што фокусот веќе е насочен кон летото, кога се подготвува вистински спектакл.

На радарот на „кралскиот клуб“ се неколку играчи, а како што стојат работите, Перез ќе успее да доведе две големи ѕвезди без отштета, бидејќи им истекуваат договорите со нивните тековни клубови.

Се работи за Алфонсо Дејвис од Баерн Минхен и Трент Александар-Арнолд од Ливерпул, кои треба да ги засилат бековските позиции во Реал Мадрид, кои оваа сезона претставуваат најголем проблем за Анчелоти.

Утрово пристигна информација дека Дејвис донел конечна одлука и порачал дека ќе игра за Реал Мадрид од следната сезона. „Марка“ на својата насловна страница како ударна вест објави дека Дејвис рекол „да“ на Перез и дека на лето сигурно пристигнува на „Сантијаго Бернабеу“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови