Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, беше многу среќен по победата над Тотенхем (2-1). „Топчиите“ направија пресврт кон крајот на првото полувреме и се доближија на четири бода од лидерот во Премиер – лигата, Ливерпул.
„Покажавме исклучителен фудбал. Од првата минута пристапивме многу интензивно и се обидувавме да му создадеме проблеми на противникот. Атмосферата на стадионот беше фантастична“, изјави Артета.
„Знаеме колку е важен овој натпревар. Победата е подарок со кој ги израдувавме нашите навивачи. Излеговме максимално мотивирани, подготвени да дадеме сè од себе, а само пред три дена игравме 120 минути“, потсети менаџерот на „топчиите“.
„Кога ќе се укаже можност да се намали заостанувањето од првото место, таа мора да се искористи. Се претставуваме многу стабилно оваа сезона. Ќе имаме тренинг за опоравување, а потоа започнуваме да размислуваме за натпреварот со Астон Вила во сабота“, додаде Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













