По недели на шпекулации, претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, потврди дека Роналд Араухо размислува за напуштање на клубот. Одбранбениот играч, кој долго време не играше поради сериозна повреда, веќе се опорави и настапи во последното Ел Класико.
Според неофицијални извори, Уругваецот е близу до трансфер во Јувентус.
„Сакам Роналд да остане. Мислам дека можеме да најдеме решение за ситуацијата. Го сакам како фудбалер и како личност. Араухо има договор со нас и мојата желба е тој да остане. Но, не сум запознаен со сите детали, за тоа треба да разговарате со Деко (спортскиот директор на клубот). Сепак, има можност да се договориме“, изјави Лапорта.
Араухо е дел од Барселона уште од 2019 година и е еден од капитените на тимот. Ако не биде продаден сега, следното лето ќе влезе во последната година од својот договор со каталонскиот клуб.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













