
Навивачите можат да бидат сурови по поразите, особено оние кои силно го сакаат својот тим. Затоа не е изненадувачки кога реагираат непромислено по пораз.
Сопругата на Каи Хаверц, Софија, сподели дел од ужасните закани што ги добила по поразот на Арсенал од Манчестер Јунајтед во натпреварот од ФА купот.
Медиумите на Островот, кои ги пренесуваат зборовите на Софија, предупредуваат дека содржината може да предизвика вознемиреност.
Германскиот напаѓач Хаверц промаши неколку одлични шанси за да го одведе својот тим до победа против Манчестер Јунајтед во третото коло од натпреварот. „Црвените ѓаволи“ дури играа со играч помалку откако Диого Далот беше исклучен на почетокот од второто полувреме.
На крајот, Арсенал испадна после пенали, а токму Каи Хаверц беше тој што промаши удар од 11 метри.
Софија е во врска со Хаверц од 2018 година и објави во ноември 2024 година дека двојката го очекува своето прво дете.
Меѓутоа, по натпреварот, бремената Софија беше изложена на навреди на социјалните мрежи поради случувањата на теренот.
Најголем дел од пораките се однесувале на нивното неродено дете, а навредите преминале и во закани.
Поради сериозноста на заканите, Арсенал се консултирал со адвокати и истражители специјализирани за идентификација на онлајн насилници. Можно е да има правни последици, доколку семејството одлучи да поднесе тужби против навивачите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Интернационалци
Дин Аломеровиќ потпиша за УТА Арад од Романија

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
