
Тренерот на Барселона, Ханси Флик, изрази огромно задоволство по убедливата победа со 5-2 против големиот ривал Реал Мадрид во финалето од Суперкупот на Шпанија. Овој триумф доаѓа по уште една доминантна победа на Барселона во „Ел Класико“ претходно оваа сезона, кога „кралскиот клуб“ беше поразен со 4-0 во натпреварот од Ла Лига во октомври.
„Натпреварот кој го одигравме во Мадрид ни даде самодоверба дека можеме да победиме во вакви дуели. И сега го покажавме тоа, реагирајќи добро и покрај тоа што примивме гол многу рано,“ изјави Флик.
И покрај убедливиот резултат, Барселона не се соочи со лесен натпревар. Реал поведе уште во петтата минута, а од 56. минута тимот играше со играч помалку поради црвениот картон на голманот Војчех Шчешни.
„Не е лесно да се игра со десетмина играчи против Реал Мадрид. Имаме два одлични голмани, а тимот е фантастичен. Секогаш се држиме заедно, и тоа е најважното. Нашата цел е да учиме од секој натпревар и да се подобруваме секој ден.“
Ова е прво одличие за германскиот стратег од неговото преземање на клубот минатото лето. За Флик, ова е шести финален натпревар во неговата тренерска кариера и шеста победа, со што ја одржува својата перфектна серија во финалињата. За Барселона, пак, овој трофеј е прв по речиси две години, по освојувањето на Ла Лига во сезоната 2022/23.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Срамот е за Воска, која го напушти теренот и не го доигра мечот против...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski