
Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар вчера стартуваше со подготовки, под раководство на тренерот Гоце Седлоски. Мисијата е да се обезбеди опстанок, но и да се нападне трофејот во Купот.
„Целта на Вардар за вториот дел од сезоната е јасна. Да обезбедиме опстанок и да се придвижиме што е можно погоре на табелата и да го нападнеме трофејот во Купот. Треба добро да се подготвиме за предизвикот, јасно е дека секој натпревар за нас ќе биде како финале. Играчите се свесни за тоа. Имаме неколку засилувања, а во наредните неколку дена очекуваме уште тројца нови фудбалери. Почнуваме против силни ривали, а нашата цел е да го издигнеме Вардар на едно многу повисоко ниво“, изјави Гоце Седлоски.
Вардар ќе ги продолжи подготовките во Скопје во 18 јануари, а потоа се сели на тринеделни подготовки во Анталија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Прва лига
Стефан Лазаревиќ замина од Работнички
