Connect with us

Миленко Неделковски: Од утре Вардар ќе биде одблокиран од УЈП, а буџетот на клубот ќе биде околу 3 милиони евра

Најтрофејниот македонски клуб Вардар набрзо ќе биде одблокиран и конечно ќе може да функционира преку сопствената жиро-сметка. Ова е одлична вест за сите навивачи на „црвено-црните“, но и на македонскиот фудбал во целина.


Раководството на ФК Вардар денеска одржа средба со медиумите, на која беа презентирани досегашните активности на клубот, но и плановите за финансиско стабилизирање.


Извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, информираше дека акционерското друштво веќе од утре треба да биде одблокирано од Управата за јавни приходи (УЈП), откако и официјално ќе биде склучен договор за отплата на долгот во износ од околу 3 милиони евра на рок од 36 месеци.

„Очекуваме веќе од утре УЈП да ја тргне блокадата кон Вардар, со оглед дека е склучен договор клубот да го подмирува долгот од околу 3 милиони евра на 36 месечни рати. Покрај ова, клубот има долг и околу 1,4 милиони евра кон други доверители, а исто така ќе биде подмирен и долгот од 200.000 евра кон ЈПССДП“, изјави Миленко Неделковски.

Од должниците, неколкумина излегле во пресрет за да ја повлечат блокадата во даден момент. Се работи за Горан Попов, Бењамин Демир, Гоце Седлоски, Матеј Цветаноски и адвокатката Марија Спиревска, со цел клубот да може да ја одблокира жиро-сметката и да стартува нормално функционирање.

По ова, клубот најавува дека ќе има стабилни извори на финансирање, претежно од странски инвеститори, и годишен буџет од околу 3 милиони евра. Раководството ќе се фокусира на подобрување на оранизациската, структурната и финансиската поставеност на ФК Вардар.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови