
Шкупи го продолжува зимскиот трансфер период објавувајќи го третото ново засилување, ангажирајќи го турскиот голман Јавуз Ајгун.
28-годишниот чувар на мрежата, кој неодамна настапуваше за Коњаспор од турската Суперлига, е добро познат по своите настапи во неколку клубови од Турција. Ајгун ги започна своите фудбалски чекори во Трабзонспор, каде што започна и неговиот нов соиграч Емир Јазичи.
Во текот на својата кариера, Ајгун играше и за Гезтепе, Ордуспор, Болуспор, Караѓумрук, стекнувајќи значително искуство кое сега ќе го донесе во македонската Прва лига.
Шкупи и Ајгун потпишаа договор што ќе трае до летото 2026 година.
Тимот од Чаир денеска ги почна и подготовките за вториот дел од сезоната.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Интер се засили со Луис Енрике
