
Врховниот спортски совет на Шпанија пресуди во корист на Барселона и дозволи привремена регистрација на Дани Олмо и Пау Виктор. Ова е изненадувачка одлука, со оглед на тоа што Ла Лига и Фудбалската федерација (РФЕФ) претходно ја одбија регистрацијата на двајцата фудбалери, иако привремено.
Барселона го искористи правото на жалба, што значи дека конечната одлука ќе биде донесена кога жалбата ќе се процесуира, а рокот за тоа е до три месеци. Тогаш регистрацијата ќе остане на сила или сè ќе се врати на старо, а Барселона ќе остане без Олмо и Виктор до крајот на сезоната.
Олмо летово се врати во Барселона, десет години по напуштањето на нејзината академија и преминувањето во Динамо. Враќањето на Олмо скапо ја чинеше Барселона. Го врати со обврска да му плати на Лајпциг отштета од 55 милиони евра. Во првиот дел од сезоната, Олмо за Барса одигра 15 натпревари, постигна шест голови и забележа една асистенција.
Но, потоа настана огромен проблем. Поради кршење на правилата за финансиски фер-плеј, Ла Лига ѝ оневозможи на Барселона да го регистрира Олмо за 2025 година. Важниот играч на Барселона беше официјално избришан од тимот. Неговиот профил повеќе не постои меѓу играчите на Барселона на веб-страницата на Ла Лига.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal