
Барселона поднесе жалба до Високиот спортски совет на Шпанија поради одбиените регистрации на Дани Олмо и Пау Виктор, објавува „Мундо Депортиво“.
Овој совет е специфично владино тело во Шпанија кое се занимава со спортски прашања и претставува една од последните надежи за клубот да ги реши овие случаи, откако претходно беа одбиени од Ла Лига, Фудбалската федерација на Шпанија и од судовите.
Барселона, и покрај проблемите, заминува за Саудиска Арабија со Олмо и Виктор, кои сè уште не се регистрирани. Клубот останува оптимист за позитивен исход и се надева дека двајцата фудбалери би можеле да бидат на располагање за финалето на Суперкупот на Шпанија во недела. Сепак, речиси е невозможно да има одлука пред полуфиналниот натпревар против Атлетик Билбао.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Артета мора да продаде две ѕвезди во јануари
