
Српскиот фудбалер Немања Матиќ би можел да го засили италијанскиот тим Комо оваа зима, пренесуваат бројни италијански медиуми, меѓу кои и „Скај Спорт“. Според информациите, Матиќ е многу заинтересиран за овој трансфер, а клучна улога во оваа можност има неговиот поранешен соиграч и актуелен тренер на Комо, Цеск Фабрегас.
Шпанецот го посакува Матиќ во својот тим и смета дека неговото искуство би било од огромно значење за борбата за опстанок во Серија А.
Матиќ оваа сезона одигра 17 натпревари во сите натпреварувања за Лион и е клучен играч во средниот ред на тимот. Сепак, идејата за враќање во Италија, каде што претходно настапуваше за Рома, го привлекува српскиот интернационалец.
Тој пристигна во Лион од Рен минатата зима за 2,6 милиони евра, а договорот со францускиот клуб му истекува во летото 2026 година.
Матиќ ќе наполни 37 години ова лето, што значи дека овој потег би можел да биде неговата последна авантура на големата фудбалска сцена.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
