
Македонскиот прволигаш Брера по четиримесечен ангажман договорно ја раскина соработката со шефот на стручниот штаб Горазд Михаилов. Тој дојде на почетокот на септември по заминувањето на Бојан Круљ.
„Со својот професионален пристап, кредибилитет и авторитет Михаилов успеа во изминатиот период да ја стабилизира играта на нашиот прв тим но и да даде можност, десетина млади фудбалери од нашиот малдински погон да ја почуствуваат тежината и одговорноста во Првата лига. Горазд Михаилов заедно со Темелков, Атанасов, Коцев и Шопов и беа главните мотиватори и стожери на сениорскиот состав во нашиот клуб.
Под негово водство, сениорите во есенскиот дел и покрај сите турбуленции прокнижија четири победи и исто толку нершени исходи и шест порази. Направи посебна фузија меѓу искусните и младите на Брера Струмица за што посебно сме благодарни.
ФК Брера му искажува голема благодарност на Михаилов кој иако беше кус период во нашиот клуб остави голема печат со својот професионален однос. Му посакуваме со успех да продолжи да ја гради својата кариера“, се вели во соопштението на Брера.
Нов тренер на Брера најверојатно ќе биде Тони Атанасов, кој беше прв асистент на Горазд Михаилов.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Подемот на Вардар доби и европски печат
Вардар е моќен. Паролата не е само за на автобус, многу поважно е што...
Автор Nikola Gjurovski

Интернационалци
Реал Сосиедад сака да го доведе Елиф Елмас во Ла Лига

Евро-фудбал
Дарвин Нуњез е новата цел на Јувентус
