
Обложувалниците „Sport Life“ посветено го продолжуваат придонесот кон општествено одговорни иницијативи. Во очекување на новата 2025 година, компанијата додели новогодишни пакетчиња на децата од социјално ранливите категории и на лицата со попреченост.
По тој повод, беа посетени повеќе институции и домови како: Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА НАША“- Куманово, ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, Здружение за ретки болести „КОКИЧИЊА“, Центар за помош на лица со ментален хендикеп „ПОРАКА НЕГОТИНО“ – Волково.

„Им благодариме за убавиот прием, за радоста и насмевките кои ни ги подарија, сите деца и лица од ранливите категории, за нас ова претставува благородна традиција и дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество. Истата со голема радост и задоволство ќе ја продолжиме и во иднина, воедно им ја честитам Новата година и им посакувам многу здравје, радост и среќа на сите дечиња и на сите наши граѓани во името на „Sport Life“ обложувалници – изјави Петар Поцков, маретинг директор на „Sport Life“.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
