
Македонскиот прволигаш Шкупи го доведе засилување странско засилување оваа зима. Тимот од Чаир објави дека постигнал договор со турскиот дефанзивец Емир Јазичи.
Станува збор за 22-годишен фудбалер, кој ја минал фудбалската академија на Трабзонспор, а до неодамна настапуваше за тимот на Кушадасиспор.
Јазичи ги поминал сите младински категории во Трабзонспор, а на 19-годишна возраст првпат се преселил во Караѓумрук.
Во текот на својата кариера, тој настапувал и за неколку други тимови во Турција, а трансферот во Шкупи ќе биде негов прв ангажман надвор од татковината.
Централниот дефанзивец Јазичи потпиша договор на две и пол години со Шкупи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар го доби вечното македонско дерби со брзината и генијалните потези на Роџерс Мато,...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski