Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е на крстопат и лесно може да се случи да се врати во Италија веќе во јануари. Германскиот весник „Билд“ откри дека и бундеслигашот Лајпциг е подготвен за разделба со Елмас, но дека и фудбалерот не сака веќе да седи на клупата и да чека шанса од тренерот Марко Росе, кој апсолутно го игнорира од почетокот на сезоната.
Фиорентина, како што тврдат италијанските медиуми, е заинтересирана да го купи Елиф Елмас, но, сепак, јасно е дека Лајпциг нема да ја добие сумата која му ја плати на Наполи за трансферот на Македонецот пред една година.
Според италијански извори, Фиорентина е подготвена да плати околу 15 милиони евра за Елмас.
За македонскиот репрезентативец има интерес и од турските гиганти Фенербахче и Галатасарај, но тие многу повеќе би сакале да го добијат на позајмица.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













