Connect with us

Баерн и Мусијала сѐ уште не можат да постигнат договор за новата соработка

Џамал Мусијала и Баерн Минхен ги продолжуваат преговорите за новата соработка со германскиот репрезентативец, но засега без целосен договор, објавува „Скај Спорт Германија“. Сегашниот договор на Мусијала трае до 2026 година.


Главните прашања за кои страните сѐ уште не постигнале согласност се платата, времетраењето на договорот и можната откупна клаузула за играчот.

Баерн очекува одредени отстапки од 21-годишниот играч, а самиот Мусијала изразува желба да го продолжи договорот. Целта на двете страни е да постигнат договор до крајот на јануари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови