Бразилскиот фудбалер Оскар ја продолжи традицијата на своите сонародници во последниот период за враќање во татковината.
По играњето за Челси и во Кина, тој повторно ќе го облече дресот на Сао Паоло.
Оскар потпиша договор до 31 декември 2027 година.
Tem #SuperReforço para a próxima temporada!
— São Paulo FC (@SaoPauloFC) December 24, 2024
Que momento, @superbet_br! 🤝
Saiba mais > https://t.co/zj801GM8Jd#VamosSãoPaulo 🇾🇪 pic.twitter.com/ynX8k9ergY
„Среќен сум што се враќам во Бразил и што ќе играм за Сао Паоло, клубот каде што ја започнав својата кариера. Среќен сум за враќањето, исто како и моето семејство. Ви благодарам за пораките што ги добив преку социјалните мрежи изминатите денови. Ќе дадам сè од себе за заедно да постигнеме големи работи“, изјави Оскар.
Во 2012 година, Оскар премина од Сао Паоло во Челси за 32 милиони евра. Со „сините“ освои три титули, а уште пет пехари додаде во Кина.
Во Бразил неодамна се вратија и други познати фудбалери, како Марсело, кој веќе го напушти Флуминенсе, и Тијаго Силва, кој ова лето исто така се приклучи на Флуминенсе.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal