
Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, призна дека ќе биде потребно време за тимот да се врати на своето претходно ниво. Сепак, Шпанецот знае дека се неопходни добри резултати, бидејќи „граѓаните“ веќе почнаа значително да заостануваат зад лидерите и изгледа дека ќе водат борба за место во топ 4.
Манчестер Сити забележа девет порази во последните 12 натпревари во сите натпреварувања, а во четврток ги очекува дуел против Евертон, кој во последните два натпревари освои бодови против Арсенал и Челси.
„Тие не се идеален противник, но од нас зависи да се вратиме на најдоброто ниво. Ќе биде потребно време. Мораме да постигнеме резултати што е можно побрзо. Се соочуваме со Евертон, а тие се во добра форма, што се гледа од нивните резултати и настапи“, изјави Гвардиола.
Тој зборуваше и за Ерлинг Хaланд, кој во последно време помалку постигнува голови.
„Се работи за нас, не само за еден играч. Кога Ерлинг постигнуваше многу голови, тоа беше заслуга на тимот. Ерлинг е многу важен за нас и ќе продолжи да биде. Мораме подобро да го користиме. Се работи за сите. Момците трчаат повеќе од кога било. Многу мали детали, како и некои големи, се причините зошто не сме толку добри како што бевме“, дополни менаџерот на Манчестер Сити.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
