Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски доби нов тренер во Валенсија. Карлос Корберан е стратегот што ја доби довербата да биде нов тренер, соопшти прес-службата на „лилјаците“.
Договорот со 41-годишниот шпански стручњак е до летото 2027 година. Раководството на клубот ја активираше специјалната опција во неговиот договор со Вест Бромвич, кој Корберан го водеше од 2022 година.
На 23 декември, Валенсија објави прекин на соработката со Рубен Бараха. Одлуката беше донесена поради слабите резултати на тимот оваа сезона.
Валенсија се наоѓа на претпоследното, 19. место на табелата во шпанското првенство, со 12 бода од 17 натпревари.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ПОЛУСЕЗОНАТА
Силекс заврши на врвот по првиот дел од сезоната во Првата лига, благодарејќи на...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на полусезоната: Али Регба (Работнички)
Работнички е најпријатното изненадување на првиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига. „Романтичарите“...
Автор makfudbal