Македонскиот фудбалер Марјан Ристовски се придружи на грчкиот клуб АО Кавала 1965, кој настапува во втората лига. Клубот му посака топло добредојде и го претстави како искусен играч со значајна кариера во македонската лига.
28-годишниот Ристовски, кој игра на позицијата лево крило, има богато искуство од настапи во македонски тимови како Кожуф, Тиквеш, Борец, Работнички, Силекс и Вардар.
Во Кавала доаѓа од Брера Струмица, каде што оваа сезона одигра 14 натпревари и постигна четири гола. Овој трансфер му овозможува првпат да ја продолжи својата фудбалска кариера надвор од Македонија.
Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement













