
Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, објави фотографија од тренинг на македонскиот национален тим, заедно со Аријан Адеми. Ова се толкува како негова согласност повторно да се врати во македонската репрезентација, заедно со Адеми, по неговиот бојкот објавен јавно, дека нема да игра сѐ додека селектор е Благоја Милевски.
Сепак, по денешниот состанок меѓу претседателот Масар Омерагиќ, спортскиот директор Горан Пандев и селекторот Благоја Милевски, на кој е постигната согласност да се остават суетите на страна и да се направи напор во репрезентацијата на Македонија повторно да играат најдобрите, дојде и потегот на Стефан Ристовски.

Претходно, Стефан Ристовски се повлече од националниот тим, потенцирајќи дека неговиот однос со селекторот Благоја Милевски не е најдобар.


-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
