
Манчестер Јунајтед го забележа својот најлош резултат во англискиот шампионат околу Божиќ од 1986 година досега, објави „Опта Спортс“.
Според изворот, 13-тото место кое го зазедоа „црвените ѓаволи“ по нивниот последен пораз од Борнмут со 0-3 е најлошиот резултат на тимот од дебитантската сезона на Алекс Фергусон. Тогаш (сезона 1986/1987) „црвените ѓаволи“ беа на 15-тото место во истиот период од натпреварувањето.
Сега надежите се дека новиот менаџер на тимот, Рубен Аморим, ќе успее да внесе живост во катастрофалната игра на Јунајтед. Тој го презеде тимот на средината на ноември, но сè уште не се забележуваат потребните промени. Под негово водство, тимот има неконзистентен биланс од 4 победи, 1 реми и 4 порази.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
